Clinics & services
Преведувачи
Преведувачи
- Home
- Clinics & services
- Care & support
- Interpreters
- Македонски (Macedonian)
За нас
Ако сте пациент или негувател во Austin Health, имате право во секое време да побарате доверлив, сертифициран толкувач. Ова важи и за време на вашиот закажан термин за преглед.
Нашите толкувачи се сертифицирани од NAATI (National Accreditation Authority for Translators and Interpreters).
Зошто користиме сертифицирани толкувачи
Медицинските разговори понекогаш може да бидат сложени и емоционални. За да бидеме сигурни дека сè е јасно и дека ништо важно не е пропуштено, ве охрабруваме да користите професионален толкувач наместо членови на семејството, пријатели или персонал. Сертифицираните толкубачи се обучени да обезбедат точна и доверлива комуникација, додека вашите блиски можат да се фокусираат на тоа да ви ја дадат потребната поддршка.
Наши услуги
Ги обезбедуваме следните услуги:
- Толкувачи на лице место
- Толкување преку Telehealth (видео)
- Толкување преку телефон (достапно 24 часа дневно, 7 дена во неделата)
Секогаш се обидуваме да обезбедиме толкувач на лице место. Меѓутоа, ако толкувач на лице место не е достапен, ќе организираме толкувач преку телефон или видео (Telehealth) за сепак да добиете јасна комуникација.
Како да побарате толкувач
Ако лежите во болница
Ако лежите во болница, може да побарате од персоналот на Austin Health да организира толкувач за вас или вашето семејство.
Ако имате закажан термин за преглед
Ако вашиот преглед е организиран преку Specialist Clinics (Специјалистички клиники), може да побарате услуги за толкување со тоа што ќе ги контактирате Specialist Clinics.
Ако вашиот преглед е закажан директно со клиниката, може да побарате толкувач со тоа што ќе контактирате со конкретната клиника.
Ако ви е закажана планирана процедура
Ако ви е закажана планирана процедура, информирајте ја медицинската сестра координатор (liaison nurse) дека сакате да се организира толкувач.
Јазици
Толкувачи на лице место во Austin Health
Во Austin Health има достапни толкувачи на лице место за јазици кои најчесто се потребни, вклучувајќи:
- Арапски
- Асирски
- Босански
- Кантонски
- Халдејски
- Хрватски
- Грчки
- Италијански
- Македонски
- Мандарински
- Персиски
- Српски
- Турски
- Виетнамски
Други јазици, вклучувајќи Auslan
За сите други јазици, вклучително австралискиот знаковен јазик (Auslan), ќе организираме толкувач преку надворешна акредитирана агенција за толкување.
Видео „Поддршка со Auslan за глуви лица и лица со оштетен слух во Викторија“
Прочитајте го транскриптот од видеото „Поддршка за глуви лица и лица со оштетен слух во Викторија“ (Better Health Channel).
Поврзани содржини и услуги
Контактирајте со нас
Оддел за јазични услуги
Имејл: languageservices@austin.org.au
Работно време: од понеделник до петок, од 8:30 до 16:30 часот
