Ваше право е да барате доверлив преведувач со NAATI акредитација, за да ви помогне да комуницирате со персоналот на Austin Health ако сте наш пациент.
Hе препорачуваме да ви преведуваат роднини, пријатели или вработени кои ги зборуваат двата јазика. Роднините и пријателите играат важна улога во вашата поддршка.
Ние ги даваме следните услуги:
Иако се вложуваат напори да се обезбеди преведувач на лице место, може да се случи да нема слободни преведувачи. Во тие околности даваме телефонски или видео-telehealth преведувачки услуги.
Ве молиме побарајте од докторот или медицинската сестра да ви обезбеди преведувач.
Преведувач може да побарате и кога го закажувате вашиот следен преглед.
Телефон: 03 9496 3367
Електронска пошта: languageservices@austin.org.au
Работно време: Понеделник до петок од 8:30 наутро до 4:30 попладне