Austin's Turkish interpreter assists during a clinic appointment

Departments

Преведувачка служба

Вие имате право да барате бесплатни и доверливи услуги од акредитиран преведувач  кој ќе ви помогне во вашето комуницирање со персоналот на Austin Health како пациент кој лежи во болницата или кога доаѓате на преглед или за друга медицинска услуга. Ве молиме побарајте од вашиот доктор или медицинска сестра да ви организира преведувач или побарајте го тоа кога го закажувате следното доаѓање.

Austin Health не го поттикнува користењето на роднини, пријатели или вработени кои го зборуваат вашиот јазик и англискиот, во улогата на преведувачи во кој и да е разговор за медицинска нега. Семејството и пријателите имаат важна улога во давањето поддршка на пациентот.

Ве молиме имајте предвид дека иако се вложуваат големи напори да се обезбеди преведувач на самото место, може да се случи да нема слободен преведувач. Во таква ситуација е можно да се користи преведување преку телефон, особено надвор од работното време. Телефонската преведувачка служба може да се повика 24 часа дневно, 7 дена во неделата.   

Вие не ги плаќате преведувачките услуги.

Јавите ни се

Понеделник - петок 8:30 наутро - 4:30 попладне

Телефон: 9496 3367

Електронска пошта: languageservices@austin.org.au

Acknowledgement flags

Austin Health acknowledges the Traditional Custodians of the land and pay our respects to Elders past, present and emerging.
We celebrate, value and include people of all backgrounds, genders, sexualities, cultures, bodies and abilities.