TelehealthTelehealthTelehealth

Patients & visitors

Telehealth (Македонски)

Telehealth (Македонски)

Telehealth видео-разговорите ве поврзуваат со нас, па за вашиот преглед не треба да доаѓате во болница.

Следете ги нашите едноставни упатства за да се подготвите и го почнете вашиот Telehealth разговор. Ако имате тешкотии, може да ви помогнеме. Ако ви требаат информации на ваш јазик, може да ви помогнеме.

Што е Telehealth?

Telehealth е видео-консултација со вашиот здравствен професионалец.

Консултацијата преку видео-врска може да ја имате од која било локација, на пример од вашиот дом, од работното место или од клиниката на вашиот семеен доктор (GP).

Ние го користиме системот Healthdirect Telehealth Video Call. Вие може да го користите преку кој и да е „умен“ телефон, таблет или компјутер со камера.

Гледајте го ова видео за да дознаете повеќе за вашата консултација преку видео-разговор. Ова видео е достапно само на англиски, но прикажува како да се води видео-разговор.

Со информациите во овој леток Вашата консултација преку видео-разговор може однапред да се подготвите за вашиот Telehealth разговор.

Зошто да користите Telehealth?

Telehealth е:

  • Лесен за користење – може да го користите преку кој и да е „умен“ телефон, таблет или компјутер со камера.
  • Сигурен и безбеден – ниеден податок на пациентите не останува во Healthdirect платформата
  • Брз – нема потреба да одите на вашата консултација, па така штедите време и пари
  • Евтин – вие не плаќате ништо

Telehealth видео-консултациите ви овозможуваат да се гледате со вашиот здравствен професионалец без да треба да доаѓате во болница.

Кој може да користи Telehealth?

За време на КОВИД-19, сите пациенти може да користат Telehealth консултации.

Telehealth не е погоден за сите видови консултации, како што се тестови на крвта или снимања. Кога ќе закажувате консултација, може да ве известиме дали Telehealth одговара за вас.

Јавите нѝ се

Telehealth

Електронска пошта: telehealth@austin.org.au